Задолжителни авантури

avanturi-povekjeРазгледувањето споменици ви е досадно и мислите дека веќе сте виделе и испробале се? Но, секоја земја покрај своите традиционални вредности чува...

 

...и некои затскриени можности за патниците кои сакаат да видат и испробаат нешто ново.

Ви претставуваме неколку најбизарни искуства во туристичките понуди на земјите.

1. Големата борба со шлаг во Оломоук, Чешка

Фестивалот на борба со шлаг трае цела седмица. Волонтерите се поделени во спротивставени тимови и наоружани со колички шлаг. По одбројувањето започнува борбата која често е мошне жестока.

shlag

2. Коктел барот Sourtoe во Досон Сити, Канада
Овој бар нуди вистинско доживување за “разиграни желудници“. Предизвик на вечерта е да испиете коктел во кој се наоѓа човечки ножен прст, и да- мора да го допрете со усните!

nozen-prst

3. Ресторанот  Cabbages and Condoms, Бангкок, Тајланд
Зелка и кондоми во име на ресторан? Нема да ги најдете во чинијата, но контрацепцијата е специјалитет на куќата. Ресторанот на своите гости со кафе, наместо колачиња послужуваат кондоми.

condom_head_1

4. Карневалска трка со палачинки, Лондон, Англија
Традиционален настан за кој ви е потребен само добар тим и откачен костим. Добра и лоша страна е што трката трае најмногу половина час и треба да изработите и изедете што е можно поголема количина.

palacinki

5. Време за во тоалет во Shot Cafeu, Рига, Латвија
Тоалетите се вечна фасцинација за патниците, а овој е еден од најголемите знаменитости на градот. Даската од тоалетот е испреплетена со жилети и жица (графички), а тоалетната хартија излегува ведаш штом се приближите.

toalet

6.  Cafe Gratitude, Сан Франциско, Калифорнија
Карактеристично за овој ресторан се имињата на неговите понуди. Позади  "We are bontiful" се кријат крекери со сос, а голема салата доаѓа под името "I Am Abundant". Немојте да се изненадите ако ве запрашаат “ На што сте благодарни вие денес?“ Бидете пристојни.

kafe

Би можело да ве интересира:

Девојка се жали за одморот на брегот Амалфи во Италија: „Зошто сум разочарана?“ „Кога велам дека никогаш досега не сум искусила нешто вакво, не преувеличувам. С...
Британска новинарка воодушевена од Македонија: „Бев во една од најмалку посетените европски дестинац... „Како земја без излез на море, Македонија нема крајбрежје со кое ќе ги привлече ...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Евтино, а убаво: 5 локации во Албанија со најниски цени за одмор покрај море Летото е во полн ек, температурите се високи и единствен спас од горештините е п...
„Зошто езерото Комо треба да го замените со Охрид?“ - Британска новинарка е восхитена од убавините н... „Пиејќи вино и грицкајќи закуски на сонце, повторно добивам чувство дека можеби ...
Козјак во зима – волшебно место кое потсетува на снежна бајка Под снежната покривка, Козјак личи на најубавата зимска разгледница – зимзелени ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg