Сосема посебни хотели

sleep-hotel-povekjeМодерен хотел веќе не е само удобно место за спиење со убава храна и базен. Мора да нуди многу повеќе: “библиотерапија“, кралски третман за...


 

...миленичињата, советник за спиење. Кога сакаат да се опуштат од стресниот живот, луѓето се спремни да платат огромни суми за посебни понуди и затоа сопствениците на хотелите постојано се натпреваруваат во смислување необични пакети.

Неколку интересни понуди:

1. Во хотелот Benjamin во Њујорк можете да добиете советник за спиење кој ќе ви помогне да ја изберете вистинската перница и уште 12 ситници за подобар сон. Совети, посебни прозводи со мирис на лаванда. звук на вода која тече. А кога ќе се разбудите ќе ви ги протолкува соновите.

sleep-hotel1

2. Ако не сакате да го оставите своето куче дома, поведете го во хотелот Nine Zero во Бостон. Овој хотел на вашето милениче ќе му овозможи кралски третман, шетање, масажа, посебен кревет..

sleep-hotel2

3. Hyatt Andaz во Лондон е број еден за љубителите на книгите. На своите гости им нуди специфична услуга - библиотерапија. Хотелот има свој читач чија должност е да ја “дијагностицира“ литературната потреба на гостите и да им “препише“ текст кој потоа им го чита.

sleep-hotel3

4. Ако сакате да имате и затворско искуство резервирајте во Jailhotelu Löwengraben во Луцерн, Швајцарија. Сите хотелски соби имаат затворски стил и ќе ви го овозможат чувството од живот зад решетки. Можеби тоа е единствениот затвор од кој нема да посакате да излезете.

sleep-hotel5

5. Хотелот Fairemont Chicago на гостите им нуди специјалист за капење. Ќе ве опушти со помош на купките од чоколадо, млеко, пеперминт..

sleep-hotel4

sleep-hotel6

И, каде би заминале вие?

Би можело да ве интересира:

Бела Стена: Рајско островче без струја во близина на Белград (фото) Скриен во близина на Белград се наоѓа скапоцен камен кој чека да биде откриен - ...
TripAdvisor го избра Лондон за најпопуларна европска дестинација за 2024 - Која соседна земја е на л... TripAdvisor ги избра 10-те најпопуларни туристички дестинации во Европа. На прво...
8 најубави плажи на Халкидики (мамат воздишки со кристално чистата вода и златниот песок) Плажите се сместени на првиот и вториот крак на Халкидики, а важат за едни од на...
3 предлог дестинации за есенско патување Што прво ви паѓа на памет кога ќе се спомене октомври? Не знам за вас, но мене о...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
4 европски острови кои вреди да ги посетите според Forbes: Хвар во Хрватска е на прво место Кои 4 европски острови вреди да се посетат според Forbes? Кои од нив се релативн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg