8 модни трендови кои изгледаат убаво и во реалноста (не само на Инстаграм)

Маичка со впечатлив принт за лежерни комбинации и металик боја за вечерни излегувања – неколку трендови кои изгледаат убаво и на Инстаграм, и во реалноста.

8-modni-trendovi-koi-izgledaat-ubavo-i-vo-realnosta-ne-samo-na-instagram-01.jpg

Кога инфлуенсерките промовираат некој нов тренд, доста често станува збор за нешто што не изгледа најдобро во реалноста или што не е воопшто практично за носење.

Но, секако, има и трендови кои изгледаат мошне добро и вреди да им дадете шанса.

Дел од нив во продолжение:

Маички со впечатливи принтови

За лежерни комбинации, нема подобар избор од памучна маичка и фармерки или тексас здолниште.

Додека маиците со натписи и логоа на брендови не изгледаат најдобро, многу популарни стануваат оние со впечатливи принтови, како уметнички дела или нешто апстрактно.

И, не изгледаат добро само на Инстаграм.

8-modni-trendovi-koi-izgledaat-ubavo-i-vo-realnosta-ne-samo-na-instagram-02.jpg

Струкирано сако

Покрај широките сакоа, повторно се прославуваат и струкираните, но не претесни модели кои се совршени за поелегантни комбинации.

А, изгледаат мошне добро во реалноста бидејќи ја нагласуваат половината.

8-modni-trendovi-koi-izgledaat-ubavo-i-vo-realnosta-ne-samo-na-instagram-03_copy.jpg

Металик боја

Можеби металик бојата на облека е само за похрабрите, но дефинитивно изгледа добро и во реалноста.

Комбинациите со металик боја се совршени за вечерни излегувања.

Ако не сте доволни храбри за облека со оваа нијанса, можете да облечете само металик чевли.

8-modni-trendovi-koi-izgledaat-ubavo-i-vo-realnosta-ne-samo-na-instagram-04.jpg

Панделки

Панделки на облека, на модни додатоци, во коса…

Панделките се сеприсутни оваа сезона и изгледаат исто елегантно во реалноста колку и на Инстаграм.

8-modni-trendovi-koi-izgledaat-ubavo-i-vo-realnosta-ne-samo-na-instagram-05_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 трендови за диоптерски очила кои во 2023-та ќе ги гледате насекаде Проѕирни рамки за очила: Овие очила се совршени за миговите кога сакате вашата ш...
Бисерите се накит на годината во 2024 – Кои Македонки го следат светскиот тренд? Дани Ѓуровска, Елена Најдоски, Бојана Скендеровска... Ова се некои од Македонкит...
Нежно жолта е бојата на лето 2023 Оваа нијанса на жолта боја е свежа и неутрална, но не е нападна... Таа е идеален...
Машки деловни комбинации, совршени за почетокот од есента (фото) Нема да погрешите со кошула и панталони, но не мора да се држите само до овие па...
Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...
Предлог модни комбинации со бордо црвена – омилена боја за оваа зима (фото) Капут, здолниште или сам мал детаљ во бордо нијанса – Неколку предлози како да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg