Зошто Холандија е дисквалификувана од Евровизија – Претставникот повикан на распит во полиција

Првичните гласини беа дека е дисквалификуван заради односот кон израелската претставничка, а ЕБУ во соопштение појасни дека станува збор за сосема поинаква причина. Зошто претставникот на Холандија е дисквалификуван од Евровизија 2024?

zoshto-holandija-e-diskvalifikuvana-od-evrovizija-pretstavnikot-povikan-na-raspit-vo-policija-01.jpg

Иако претставникот на Холандија Јост Клајн доби доволно гласови во рамки на втората полуфинална вечер, и се квалификуваше за финалето на Евровизија 2024, сепак, тој вечерва (11.05) нема да настапи, а земјата е дисквалификувана.

zoshto-holandija-e-diskvalifikuvana-od-evrovizija-pretstavnikot-povikan-na-raspit-vo-policija-02.jpg

Првичните гласини дека Холандија ќе биде дисквалификувана почнаа да се шират уште вчера, кога Јост не настапи на генералната проба, а денес и ЕБУ излезе со официјално соопштение во кое информира дека земјата е дисквалификувана.

„Холандскиот претставник Јост Клајн нема да се натпреварува на големото финале на изборот за песна на Евровизија.

Шведската полиција во моментов врши истрага по поплака добиена од девојка која работи во продукцијата, по инцидент кој следувал по неговиот настап во четвртокот по полуфиналната вечер.

Додека трае легалниот процес, нема да биде соодветно тој да го продолжи натпреварувањето“ – се вели, меѓу другото, во соопштението од ЕБУ.

zoshto-holandija-e-diskvalifikuvana-od-evrovizija-pretstavnikot-povikan-na-raspit-vo-policija-03.jpg

Според пишувањата во холандските медиуми, Јост Клајн по настапот во четвртокот ѝ се заканувал на вработена, а во петокот таа поднела пријава.

Холандскиот пејач исто така е повикан на распит во полиција, а јавниот обвинител треба да одлучи што ќе се случува понатаму со него.

zoshto-holandija-e-diskvalifikuvana-od-evrovizija-pretstavnikot-povikan-na-raspit-vo-policija-05.jpg

Инаку, во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи се прошири веста дека Клајн е дисквалификуван заради неговото однесување за време на прес конференцијата на израелската претставничка Иден Голан.

zoshto-holandija-e-diskvalifikuvana-od-evrovizija-pretstavnikot-povikan-na-raspit-vo-policija-04_copy.jpg

Тој се прекри со знамето и се преправаше дека спие додека таа одговараше на прашањата поставени од новинарите. Слично како него и грчката претставничка за време на прес-конференцијата се преправаше дека спие.

zoshto-holandija-e-diskvalifikuvana-od-evrovizija-pretstavnikot-povikan-na-raspit-vo-policija-07.jpg

Погледнете го настапот на Јост Клајн од втората полуфинална вечер:

Прочитајте и Не излегува без обезбедување, по Евросонг ќе оди во војска: Животната приказна на Израелката Иден Голан

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...
Џастин Тимберлејк не ѝ бил прв дечко, со Колин Фарел сексот бил како „борење“ – Нови скандалозни при... Првиот брак ѝ траеше само 55 часа, а се омажила затоа што била пијана и ѝ било з...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Првпат посегнала по животот кога ѝ ја одзеле ќерката, смртта на синот ја „дотолчи“ – Тажниот живот н... За првпат посегнала по својот живот кога сакале да ѝ ја одземат ќерката во 1999-...
Џорџина го засени Кристијано Роналдо во бел фустан од тантела и дијаманти Откако долго време беше критикувана за својот стил, Џорџина Родригез конечно со ...
„Упс, нова сум во ова“ – Како Парис Хилтон одговара на критиките дека не е добра мајка? Во една епизода од реалното шоу призна дека 1 месец по раѓањето на синот уште не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg