Вечерва почнува естрадниот магазин „Старс“

Вечерва со почеток во 20:30 часот на програмата на тв „Алфа“ започнува со емитување на новата естрадно-забавна емисија „Stars“, на која автор и водител е Ивана Јанковска.

unnamed.jpg

Емисијата ќе биде од забавен карактер, а во неа ќе имате прилика да ги слушнете и запознаете одблиску најголемите балкански, но и домашни ѕвезди.

Покрај водителката Ивана, во емисијата свои улоги и задачи ќе имаат и двете млади инфлуенсерки, Јанја Станојевиќ и Марија Лазаревска.

“Ќе се обидеме да понудиме нешто ново, на публиката да им дадеме ексклузивни информации за познатите. Ќе ги прашаме се она што другите или избегнуваат или не сакаат да ги прашаат“, вели водителката Јанковска.

Инаку во првата емисија која ќе се емитува вечерва во 20:30 часот, гостинка е познатата српска пејачка Сања Вучиќ и нашата музичка ѕвезда Антониа Гиговска.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg