Каменка од Богданци има пилатес студио во Лондон: „Тука лесно се отвора мал бизнис, потоа давачките растат“

„За време на факултетските години почнав да барам функционален начин на вежбање што би ми помогнал со исправување на грбот. Почнав да вежбам кога стигнав во Лондон и на поттик од една пилатес инструкторка се запишав на курс за инструктори“ – вели во интервју за CRNOBELO.com, Каменка Чавдарова, Македонка која има свое пилатес студио во Лондон.

kamenka-chavdarova-8-godini-ima-pilates-studio-vo-london-tuka-lesno-se-otvora-mal-biznis-potoa-davachkite-rastat-01.jpg

Каменка Чавдарова (39) по потекло е од Богданци, а веќе 18 години живее во Лондон, во Велика Британија, каде има свое пилатес студио, кое го основала заедно со колешка уште во 2016-та година.

Каменка, или Ками, како што ја знаат во студиото, секојдневно се грижи за бизнис обврските поврзани со студиото, а држи и часови по пилатес на специјализирана пилатес опрема, со која нејзиното студио е целосно опремено.

kamenka-chavdarova-8-godini-ima-pilates-studio-vo-london-tuka-lesno-se-otvora-mal-biznis-potoa-davachkite-rastat-03.jpg

Покрај пилатес, во нејзиното студио се нудат и часови по јога, балет, балет бар, модерен балет, пред и пост натални вежби.

Студиото има посебна соба за третмани како масажи и рецепција со кафе каде може да се купат свежи сокови.

Каменка во ексклузивно интервју за CRNOBELO.com ја раскажува својата приказна, за тоа како уште како студент почнала да вежба пилатес, а денес е инструкторка која има голем број ученици.

kamenka-chavdarova-8-godini-ima-pilates-studio-vo-london-tuka-lesno-se-otvora-mal-biznis-potoa-davachkite-rastat-02.jpg

Во продолжение целото интервју со Каменка:

Како започна приказната со вашето пилатес студио?

Потекнувам од фамилија во која татко ми во младоста бил професионален фудбалер, а мајка ми е пензионирана медицинска сестра.

Како резултат на тоа, здрав и активен начин на живот секогаш бил дел од моето воспитување.

За време на факултетските години почнав да барам функционален начин на вежбање што би ми помогнал со исправување на грбот.

Така првпат се сретнав со јога и методот пилатес.

Почнав да вежбам кога стигнав во Лондон и на поттик од една пилатес инструкторка Џули Бакленд се запишав на курс за инструктори во школата на Алан Хердман.

Тој е основач на првото пилатес студио во Лондон во 70-те.

Продолжив да се усовршувам во насока на класичен пилатес и ја завршив напредната програма на The Pilates Center, Colorado, USA која е поврзана со Романа Крисановска, една од директните избрани ученици на Џозеф Пилатес.

Со мојата колешка често разговаравме со чаша вино во паб за тоа како би сакале да изгледа едно пилатес студио. Од тие разговори се оформи идејата за нашето студио, The Movement Studio.

kamenka-chavdarova-8-godini-ima-pilates-studio-vo-london-tuka-lesno-se-otvora-mal-biznis-potoa-davachkite-rastat-06.jpg

Што е потребно за да се стане инструктор по пилатес во Лондон? Кои сертификати ви беа неопходни?

Пилатес методот е измислен од Џозеф Пилатес, кој бил боксер, гимнастичар и инструктор по самоодбрана.

Го развил овој метод набљудувајќи ги животните како се движат, особено мачињата.

За време на Првата светска војна се наоѓал во Велика Британија и заедно со други германски државјани бил затворен во логор.

Тука првпат почнал да користи пружини од болнички кревети да произведе отпор при рехабилитирањето на повредени луѓе.

Тој забележал дека тоа произведува подобри резултати и побрзо рехабилитирање за разлика од традиционалните методи.

Во 1925-та година, Џозеф Пилатес се преселил во Њујорк. Тука го основал првото студио, а методот го нарекувал Контролоџи.

Први ученици му станале повредени балетанки и балетани кои впрочем станале и првата генерација пилатес инструктори.

Денес постојат повеќе школи како резултат на нивното предавање на овој метод на наредните генерации.

Класичен пилатес што е поблизок до начинот на оригиналниот метод на Џозеф Пилатес потекнува од лозата на Романа Крисановска.

kamenka-chavdarova-8-godini-ima-pilates-studio-vo-london-tuka-lesno-se-otvora-mal-biznis-potoa-davachkite-rastat-12.jpg

Тешко ли е да се започне свој бизнис во Лондон? Кои беа најголемите предизвици со коишто се соочивте?

Велика Британија е позната по тоа што е „земја на малиот бизнис“ и системот е на тој начин организиран што процесот не е оптоварен со бирократија, така што моето искуство е прилично позитивно.

Даночниот систем е компјутеризиран и стандардизиран така што сè се извршува онлајн. Меѓутоа преоѓањето од мал кон поголем бизнис е, сметам, потешко заради зголемените трошоци со кои се судираш.

Што се однесува на предизвици – најголем предизвик е наоѓање добра група на луѓе што се вклопуваат во етосот на еден бизнис и можат да произведат чувство на заедница, што во голем град како Лондон е многу важно.

Сметам дека во тоа сме успешни во моето студио.

kamenka-chavdarova-8-godini-ima-pilates-studio-vo-london-tuka-lesno-se-otvora-mal-biznis-potoa-davachkite-rastat-19.jpg

Пред неколку месеци се породивте, а за време на бременоста постојано вежбавте. Според вас, до која недела во бременоста е препорачливо вежбање и кои вежби се најдобри?

Сè додека се работи за нормална бременост, без компликации, потврдено од лекар, бремената жена може да вежба додека не се породи.

Пилатес, јога, пливање, пешачење се добри методи за време на бременост поради тоа што не се контактни спортови и не предизвикуваат стрес на кичмата или зглобовите како активности што вклучуваат скокање или трчање.

Добро е да се практикува тип на функционално дишење што може да ѝ се најде од помош на жената барем во раните фази на породувањето со тоа што би можела да го искористи до некаде за да го фокусира умот за време на болките.

Проширување на капацитетот на дишењето помага да се постигне отвореност на рамењата, градниот кош, клучната коска и воопшто ставата.

Друго препорачливо е да се прават и вежби за рамењата, колковите, мускулите околу пелвисот што го носат товарот од бременоста, итн.

kamenka-chavdarova-8-godini-ima-pilates-studio-vo-london-tuka-lesno-se-otvora-mal-biznis-potoa-davachkite-rastat-20.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg