Полова HPV инфекција по пат на допир

hpv_small.jpgНе е потребно да се има сексуален однос за да се инфицирате со хуман папилома вирусот (HPV). Најновите истражувања утврдија дека инфекцијата се пренесува и по пат на допир т.е. кожа. Се смета дека три четвртини од популацијата ќе биде изложена на овој вирус баш заради неговото пренесување по пат на допир т.е. кожа.

Д-р Џенифер Блејк, началник на гинеколошко акушерското одделение во Торонто (Jenifer Blake, Woman’s College Hospital, University of Toronto), вели дека првобитната препорака била да се вакцинираат сите особи од женски пол на старост од 9 до 13 години, пред да постанат сексуално активни.

Припадничкит на женскиот пол помеѓу 14 и 26 години исто така ќе имаат корист од вакцината, дури и ако се сексуално hpv.jpgактивни. За постари од 26 години не велиме дека вакцината не се препорачува, туку нема доволно податоци бидејќи овие особи не биле целна група во клиничките испитувања на вакцината.

Со 26 години нашето тело не реагира доволно на вакцините, а повеќето жени се сексуално активни, па со самото тоа и повеќе се изложени на овој вирус. Меѓутоа било да е личноста изложена на зголемен ризик или да е дијагностицирана HPV инфекција, вакцината може да го спречи понатамошното изложување и ширење на оваа инфекција.

Постојат четири соеви (видови) на овој вирус: два соја предизвикуваат создавање на брадавици во гениталната регија (генитален херпес), додека другите два предизвикуваат создавање на рак на грлото на матката кај жените и имаат улога во создавањето на рак на гениталната и оралната регија кај мажите.

Д-р Блејк вели дека не може официјално да им ја препорача вакцината на жените и мажите постари од 26 години, но смета дека тие треба да бидат проактивни, бидејќи се работи за вакцина која најмногу била испитувана и како таква спаѓа во најбезбедните на пазарот. Исто така смета дека никогаш досега не сме имале ваква можност да спречиме појава на карцином.

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Ниско ниво на тестостерон: Кои се најчестите симптоми и може ли да се спречи? Намаленото либидо и еректилната дисфункција се едни од најчестите симптоми на ни...
Симптоми на стомачен вирус, колку долго трае и кога да посетите доктор? Стомачниот вирус е често заболување кое предизвикува непријатни симптоми, како д...
Факти за хименот - Ако целосно ја покрива вагината, мора да се оперира, кај секоја жена има различна... Хименот кај жените и девојчињата речиси во сите светски култури се смета за глав...
Што е тоа Хепатит Ц, како да откриете дека го имате и може ли да се излечи? Може да поминат месеци додека заразените со Хепатит Ц откријат дека го имаат, за...
Зошто се појавуваат влакна на женските гради и дали е безбедно да ги отстраните? Многу жени и девојки имаат влакненца во пределот на градите, особено околу брада...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg