Диети

dietaГолем број диети треба да се избегнуваат. Познатите личности во светот и кај нас...

...често кажуваат неверојатни приказни за начините на кои ги го изгубиле вишокот на килограми.

Сигурно и вам некогаш ви паднало на ум да пробате таква или слична лудост како некоја позната личност. Убавата Бјонси им се довери на новинарите како изгубила десет килограми заdieti1 филмот “Девојки од соништата“- со изгладнување кое траело десет дена. За тоа време консумирала само мешавина на лимонов сок, јаворов сируп, вода и иситнети пиперчиња, а пиела и солена вода и лаксативен чај. Звучи сурово, нели?

Можеби светските ѕвезди изгледаат како да имаат добри гени, но би требало да знаете дека многумина од нив се исцрпуваат џогирајќи и често користат небезбедни, дури и илегални супстанци, се со цел да ослабнат. Секако има и такви кои едноставно здраво се хранат и спортуваат, но во брзиот свет на Холивуд, тие се помалубројни.

Еве неколку практични совети, здрави алтернативи на чудните диети:

Заборавете ги лаксативите! Занемарлив е губитокот на килограми, а и онака ќе ги вратите килограмите штом повторно почнете да јадете и пиете.
Пијте многу вода и хранете се здраво- тоа е единствениот “третман на чистење“ кој ви е потребен.
Не постои замена за регуларните оброци, кои се мешавина на здрави јаглени хидрати и протеини, во овошјето и зеленчукот.

Би можело да ве интересира:

Вртоглавица: Што ја предизвикува и дали може да се спречи? Вртоглавицата не е болест, туку симптом кој може да биде предизвикан од низа про...
8 промени на телото кои треба да ги очекувате по породувањето Паѓањето на косата, но и контракциите, се нормални промени кои се случуваат со ж...
11 рани знаци за деменција (кои може да ви бидат сигнал за црвена тревога) Тешкотии при избирање зборови, летаргија, како и сериозни проблеми со концентрац...
Најчестите причини за еректилна дисфункција, според експерти Еректилната дисфункција е честа појава која може да биде предизвикана од разни ф...
Без лекови: Како да го намалите холестеролот по природен пат? Поради зголеменото ниво на холестерол во крвта може да се соочите со голем број ...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg