Која е жената која е инспирација за Роуз од „Титаник“?

Беатрис била заљубена во индиски научник, но уште на почетокот на врската знаела дека нивната љубов е невозможна поради неговите конзервативни родители. Режисерот на Титаник се инспирирал од нејзината тажна љубовна приказна додека работел на филмот...

devojka-titanik-01.jpg

Беатрис Вуд e жената која била инспирација за ликот на Роуз од веќе култниот филм „Титаник“.

Беатрис е родена во 1893 година, а починала во 1998 година. Таа била американска уметница и една од уредниците на списанијата „The Blind Man“ и „Rongwrong“ во Њујорк.

Студирала уметност во Париз, а подоцна се занимавала со скулптура и грнчарство.

devojka-titanik-05.jpg

Беатрис потекнувала од богато, традиционално американско семејство, исто како и Роуз од филмот.

Уметноста на Беатрис Вуд била контроверзна за нејзиното време.

devojka-titanik-03.jpg

По земјотресот во Сан Франциско во 1906 година, семејството на Беатрис се преселило во Њујорк. И покрај силното противење на нејзините родители, Вуд инсистирала да продолжи кариера во уметноста.

Камерон ја прочитал нејзината биографија и од неа добил инспирација да го создаде главниот женски лик во неговиот легендарен филм.

Беатрис била заљубена во индиски научник, но уште на почетокот на врската знаела дека нивната љубов е невозможна поради неговите конзервативни родители.

Таа во 1972 година ја напуштила Индија и никогаш повеќе не го видела саканиот, а од него добила телеграма која ја знаела напамет и ја повторувала до крајот на животот.

devojka-titanik-02.jpg

Бродот „Титаник“ потонал во Атлантскиот Океан, на 15 април 1912 година, откако удрил во санта мраз за време на неговото прво патување од Саутхемптон, Англија до Њујорк.

Филмскиот режисер Џејмс Камерон сними филм инспириран од трагичниот настан, а она што го направи филмот еден од најгледаните на сите времиња е токму измислената љубовна приказна меѓу Џек и Роуз.

Беатрис изјавила дека никогаш не го гледала филмот „Титаник“, иако Камерон ѝ дал копија од него.

ova-e-devojkata-spored-koja-se-snimi-najpopularniot-film-na-site-vreminja-03.jpg

Беатрис Вуд никогаш не сакала да зборува за нејзината љубовна приказна, туку една година пред нејзината смрт во интервју за Firstpost, зборувала за времето поминато во Индија и нејзините успеси од тоа патување.

Беатрис Вуд починала девет дена по нејзиниот 105-ти роденден во Калифорнија.

В. К. | Црнобело / фото: Фејсбук, Википедија

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...
Сопруги на познати лидери на култови, кои биле исто злобни колку сопрузите Бони Нетлс беше сопруга на лидерот на култот Heaven’s Gate. Верувала дека комуни...
Жени воини од античкиот свет кои треба да ги знаете Историчарите од античкиот свет забележале приказни за импресивните женски воени ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg