Несреќи, бизарни трагедии: „Најпроколнатите“ богати и моќни семејства

Џеки Кенеди била „вплеткана“ во две проколнати семејства – семејството Кенеди на нејзиниот убиен сопруг, како и Оназис, семејството на нејзиниот втор сопруг.

nesrekji-bizarni-tragedii-bogati-semejstva-za-koi-se-veruva-deka-se-prokolnati-01.jpg

Бројни богати и моќни семејства се соочиле со толку многу трагедии, што јавноста почнува да верува дека се проколнати.

Дури и луѓе кои не се суеверни, кога ќе ги сумираат бизарните несреќи и трагедии на овие семејства, почнуваат да се прашуваат дали можеби навистина станува збор за некакво проклетство.

Неколку моќни семејства за кои се верува дека се проколнати (и зошто):

Семејството Рокфелер

Рокфелер е едно од најбогатите семејства во САД, а неколку генерации на династијата се соочиле со секакви трагедии.

Џон Д. Рокфелер е оној кој го стекнал богатството на династијата, кога почнал да профитира во индустријата за нафта и станал првиот милијардер во светот.

Џон бил суров човек, па многумина мислат дека можеби и затоа семејството му е проколнато.

nesrekji-bizarni-tragedii-bogati-semejstva-za-koi-se-veruva-deka-se-prokolnati-07.jpgЏон Д. Рокфелер

Во 1951 година, неговата правнука извршила самоубиство заедно со нејзините две деца.

Една деценија подоцна, правнукот на Џон Рокфелер исчезнал во Папуа Нова Гвинеја и постојат верувања дека бил изеден од канибали.

Нешто помалку од 20 години подоцна, Џон Д. Рокфелер Трети загинал во сообраќајка.

Покрај тоа, во 150-те години откако Рокфелер ја почнал династијата, членовите на семејство се соочувале со депресија и сериозни проблеми со менталното здравје, афери, разводи…

nesrekji-bizarni-tragedii-bogati-semejstva-za-koi-se-veruva-deka-se-prokolnati-02.jpgЧленови на семејството Рокфелер

Семејството Кенеди

Клетвата на семејството Кенеди е можеби најпознатата и како да стана дел од поп културата.

Сите знаеме за убиството на Џон Ф. Кенеди во 1963-та, додека беше претседател на САД.

Но, знаевте ли дека неговиот помлад брат, Роберт Ф. Кенеди, бил исто така убиен само пет години подоцна?

nesrekji-bizarni-tragedii-bogati-semejstva-za-koi-se-veruva-deka-se-prokolnati-03.jpgЏон Ф. Кенеди и Џеки

Во 1969-та, друг член на семејството направил сообраќајка во која загинал неговиот сопатник.

Во 1984-та, пак, внукот на поранешниот претседател на САД загинал во скијачка несреќа.

Во 2002 година, друг член на семејството беше обвинет за убиство.

А, можеби најтрагична е приказната за Розмери Кенеди на која ѝ била направена лоботомија, по што останала ментално и физички неспособна.

nesrekji-bizarni-tragedii-bogati-semejstva-za-koi-se-veruva-deka-se-prokolnati-08.jpgЧленови на семејството Кенеди

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg