Инсектот кој ги урна сите рекорди - долг колку две раце

Со должина од 55.8 цм, оваа ново откриена бубачка, е најдолгиот инсект - стапче во светот. Наречена е мегастапче, откриена е во дождовната шума во Борнео и ...




...веднаш е предадена во Музејот за историјата на природата во Лондон.
Ова суштество е скоро за 1,3 цм подолго од претходниот рекордер, кој бил откриен пред околу 100 год. Се претпоставува дека е откриен нов вид на инсект.

Ова суштество беше најдено од еден колекционер, кој го чувал 10 години. Сопственикот немал никаква идеа за значењето на ова суштество, се додека еден ентомологист не ја видел неговата колекцијата и сватил дека станува збор за некој нов вид.

bubacka_race

Уште ништо за сигурно не се знае за биографијата на инсектот, но се претпоставува дека живее на највисоките дрвја во дождовната шума и затоа е многу тешко да се забележи.

Телото, без екстремитетите, е долго 35 цм, и се смета дека има уникатни јајца.
Најдениот инсект, кој беше пратен во музејот, бил полн со јајца, и на секое јајце имало нарастоци на крилја.

На другите вакви инсекти - стапчиња, јајцата обично им се долги пола сантиметар. Мајките ги фрлаат јајцата во воздух за да ги однесе ветрот подалеку од дрвото на кое се наогаат нивните родители, за да не ја делат со нив храната за која тие се борат.

bubaMetar



Само три примероци од овој вид досега се пронајдени, и сите се најдени на Малзиската држава Сабах, на островот Борнео.


buba
Интересни факти за овој вид инсекти:

• Има околу 3000 познати видови од овој инсект стапче, повеќето од нив се тропски.

• Иако досега не се појавиле природно во Британија, трите примероци се сместија токму тука, или на Сицилија.

• Овие инсекти спијат преку ден , што ги прави страшно досадни миленичиња. Навечер, се пуштаат во акција и ги јадат листовите од дрвјата.

• Овие инсекти се мајстори на камуфлажа. Со нивниот изглед лесно можат да се сокријат од птици, нивниот главен грабливец.

Би можело да ве интересира:

„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
Сака да носи женска облека, се дружи само со богаташи: Синот на кошаркарот Меџик Џонсон живее во рас... Кошаркарот Меџик Џонсон има изјавено дека тешко го прифатил фактот дека син му е...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Мојата 10-годишна ќерка е многу богата - има цела колекција од дизајнерски чанти“ Најмалата ќерка на Емили Абрахам од Лондон има 10 години и води раскошен животен...
Била предвреме родена, па останала слепа – Која е индонезиската пејачка која доби златен тастер од С... Го загубила видот на 3 месеци, за првпат откриле дека има талент за пеење на воз...
„Јас сум 38-годишна девица, а имам 25 деца“: Маж кој мрази секс, но обожава деца раскажа за своето у... „Речиси сите деца ме нарекуваат вујко, освен двајца што велат дека сум им кум шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg