Гласини за афери, разводи: Зошто се распадна групата ABBA и каде се членовите денес?

Шведската група ABBA се растури во раните 1980-ти, откако членовите, кои беа два брачни пара, се разведоа. Не е позната точната причина за нивните разводи, но со децении се шпекулира за неверства, особено откако една од пејачките изјави дека морала да оди на психијатар поради бившиот.

glasini-za-aferi-razvodi-zoshto-se-raspadna-grupata-abba-i-kade-se-chlenovite-denes-01.jpg

Шведската група ABBA стана светски позната по победата на првото издание на Евровизија во далечната 1974 година.

За краток период, групата стекна милиони фанови, но неполна деценија по победата на Евровизија, односно во 1982-ра, тие соопштија дека се разделуваат.

Околу десет години по распаѓањето, тие издадоа компилација со нивните најдобри песни која стана светски бестселер и покажа дека уште се релевантни.

glasini-za-aferi-razvodi-zoshto-se-raspadna-grupata-abba-i-kade-se-chlenovite-denes-08.jpg

На годинешната Евровизија, пак, која се одржа во Шведска, групата не се обедини, но публиката имаше можност да ужива во виртуелна изведба.

И, со овој „настап“ стана јасно дека групата има многу фанови и половина век по победата на Евровизија.

Зошто се распадна популарната група и каде се денес нејзините членови?

Ако сте фан на групата, тогаш веќе знаете дека ABBA е акроним од првите букви од имињата на членовите – Агнета, Бјорн, Бени и Ани-Фрид.

Групата била основана во раните 1970-ти, а членовите всушност беа брачни парови.

Односно, Агнета беше во брак со Бјорн, а, Ани-Фрид (позната и како Фрида) беше во брак со Бени.

И двата пара се разведоа и пробаа да ја одржат групата „во живот“, но безуспешно.

Подоцна се дозна дека причина за разводите биле неверства, а имаше гласини дека аферите биле помеѓу членовите на групата. Сепак, овие гласини никогаш не беа потврдени.

glasini-za-aferi-razvodi-zoshto-se-raspadna-grupata-abba-i-kade-se-chlenovite-denes-09.jpg

Бракот и разводот на Агнета и Бјорн

Агнета и Бјорн се запознале во 1968 година. Тој период, Бјорн бил дел од групата Hootenanny Singers.

Почнале врска кратко по познанството, се венчале во 1971 година, а на свадбата Бјорн имал свој настап на оргули.

Парот има две деца – ќерката Линда родена во 1973-та и синот Питер кој е роден во 1977-ма.

Тие се разделија во 1979-та.

glasini-za-aferi-razvodi-zoshto-se-raspadna-grupata-abba-i-kade-se-chlenovite-denes-14.jpg

Тој период не беше познато што точно се случило меѓу нив, но Агнета имаше изјавено дека по разводот морала да оди на психијатар.

Во 1980 година, ABBA го издаде можеби нивниот најголем хит – The Winner Takes It All.

Едниот од авторите на песната е Бјорн, а некои фанови веруваат дека текстот алудира на неговата нова девојка.

Имено, тој почнал врска со друга жена само една недела откако се разделил со Агнета – една од причините зошто таа морала на психијатар.

glasini-za-aferi-razvodi-zoshto-se-raspadna-grupata-abba-i-kade-se-chlenovite-denes-10.jpg

Во 1997 година, Агнета издаде автобиографија во која пишуваше за разводот.

„На медиумите им кажувавме дека разводот беше ’среќен‘, што очигледно беше само маска. Сите знаеме дека не постојат среќни разводи, особено кога се вклучени и деца“.

Во 2013-та, таа уште еднаш се огласи за разводот и песната The Winner Takes It All:

„Бјорн напиша песна за нас откако се разведовме… Не ми пречи. Беше прекрасно што ја пеевме таа песна бидејќи во неа можев да внесам многу чувства“.

Додека Агнета тврди дека отишла на психијатар, Бјорн има изјавено дека разводот поминал мирно.

„Мислам дека во голема мера, нашиот развод беше пријателски. Се оддалечивме и само одлучивме дека треба да се разделиме.

Разводот на Бени и Фрида беше многу потежок. Ова не беше среќен период, но барем бевме креативни“.

glasini-za-aferi-razvodi-zoshto-se-raspadna-grupata-abba-i-kade-se-chlenovite-denes-06.jpg

Бракот и разводот на Фрида и Бени

Фрида и Бени се запознале во 1969 година и почнале врска пред формирањето на ABBA.

Додека се прославувала групата, тие биле само пар и се венчале дури во 1978-ма, периодот кога ABBA беше на врвот на славата.

Но, бракот не траел долго – се разделиле во 1980, а следната година го финализирале разводот.

Постојат разни гласини за тоа која била причината за нивниот развод, а до денес доминираат шпекулациите дека Бени бил неверен.

glasini-za-aferi-razvodi-zoshto-se-raspadna-grupata-abba-i-kade-se-chlenovite-denes-13.jpg

Во 1981-ва, Бени даде изјава за разводот:

„Не знам како луѓето се справуваат со вакви работи. Фрида и јас сме добри пријатели и јас уште сум дел од ABBA. Добри пријатели сме, но повеќе не сме во брак“.

glasini-za-aferi-razvodi-zoshto-se-raspadna-grupata-abba-i-kade-se-chlenovite-denes-11.jpg

Истата година, тој се венча со продуцентката Мона Норклит, со што дополнително се разгореа гласините дека имал афера со неа.

Фрида не го коментираше вториот брак на бившиот, но изјави:

„Сега, откако се разделивме, соработуваме многу подобро. Нашиот однос не е интензивен како порано, но уште сме во контакт. Одлучивме да бидеме комплетно искрени еден со друг.

Едноставно, се оддалечивме. Имаме различни цели во животот. Отсекогаш сме биле искрени и сме зборувале за сè. Разговаравме и за нас и конечно одлучивме дека разводот е најдобро решение.

Имаше многу солзи. Но, нема враќање назад. Разделбата беше неопходна“.

glasini-za-aferi-razvodi-zoshto-se-raspadna-grupata-abba-i-kade-se-chlenovite-denes-12.jpg

На следната страница што се случи со членовите по распадот на групата...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg