Славчо Крежески со премиера за новиот сингл и видео запис за „Без тебе”

Славчо Крежески во неделата на 24ти Април во соработка со DAAN MUSIC PRODUCTION го промовираше својот најнов сингл заедно со видео запис за песната насловена „Без тебе”

slavcho-krezheski-so-premiera-za-noviot-singl-i-video-zapis-za-bez-tebe-01.jpg

Ова е нивна втора соработка за краток временски период, но како што и самите изјавуваат, ова е само почеток и во наредниот период ќе работат заедно на повеќе проекти со што се надеваат дека ќе донесат освежување на македонската музичка сцена.

Во следниот период Славчо најавува посериозно присуство на Македонската музичка сцена со настапи на дел од Македонските фестивали како и со издавање на нови музички дела.

Како автори на „Без тебе” се потпишуваат Кире Јакимов и Дарко Андонов. Музиката е дело на Кире Јакимов додека на текстот и аранжманот работеа заедно со Дарко. За добивање на финалниот звук односно за миксинг и мастеринг се погрижи Кире Јакимов.

За целата песна да биде прераскажана преку видео запис, позади камерата и како режисер на видеото се појавува Стефан Стојкоски.

Би можело да ве интересира:

Дани со нов сингл - Ќе ме сакаш ли? 24.1.2024, Скопје - По “Има љубов во нас”, проследуваме втор сингл од најновиот ...
"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...
Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с...
Дарко Андонов ДААН во дует со младата Тијана Периќ го промовираа новиот сингл „Кога знам“ – освежува... Дарко Андонов или попознат како ДААН заедно со младата Тијана Периќ вчера (03.04...
Промоција за нова песна и видео спот на Дарко Андонов ДААН – “Со кого заспиваш” Јас сум Дарко Андонов a.k.a. ДААН, псевдоним кој  го користам како уметничк...
„Има љубов во нас“ - Првиот сингл од новиот албум на Дани Димитровска „Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg