Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости

Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го очекувале. Здрава е и погодна за деновите кога се пости.

recept-za-zdrava-pica-so-testo-od-crvena-lekja-pogodna-i-za-denovite-koga-se-posti-01.jpg

Оваа здрава пица со тесто од леќа може да ја приготвувате и во деновите кога не се пости, бидејќи е многу вкусна. За да ја направите, користете црвена леќа која ќе ја накиснете во вода и тоа најмалку 4 часа, а идеално е од 8 до 12 часа. Ако не ја накиснете, ќе треба да додадете повеќе вода при блендирањето.

Како да ја подготвите?

Потребни состојки за тесто:

  • 150g црвена леќа, накисната
  • 120ml вода
  • 1 чешне лук
  • 1 прашок за печиво
  • Сол по вкус

Потребни состојки за сосот:

  • 15ml маслиново масло
  • 1 кромид, исечкан
  • 1 чешне лук, изгмечен
  • 230g сос од домати
  • 30g доматно пире
  • Малку сушен босилек
  • Малку суво оригано
  • 1 ловоров лист
  • 2,5ml јаворов сируп
  • Сол по вкус

Потребни состојки за прелив:

  • 5 ml маслиново масло
  • ¼ зелена пиперка, исечкана на коцкички
  • ¼ црвена пиперка, исечкана на коцкички
  • ¼ жолта пиперка, исечкана на коцкички
  • 4 свежи печурки, исечкани
  • Сол по вкус

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 200°C. Ставете го садот за печење (30 сантиметри) во рерната додека таа се загрева, за да се загрева и самиот сад.
  • Исцедете ја и исплакнете ја накиснатата леќа. Ставете ја во блендер заедно со водата, лукот, праокот за печиво и солта. Блендирајте додека не добиете изедначена смеса. Ќе добиете тесто што изгледа тенко и водено.
  • Извадете го садот од рерна и премачкајте го со малку маслиново масло на дното и од страните за да не се залепи кората.
  • Истурете го тестото во тавата и вратете ја тавата во рерната. Печете околу 30 минути или додека рабовите не добијат златно кафеава боја.
  • Извадете го тестото од рерната и оставете да се излади.
  • Во тенџере со средна големина, ставете маслиново масло, па пржете ги кромидот и лукот на среден оган додека не омекнат.
  • Додајте ги сосот од домати и доматното пире, па мешајте додека не се изедначи смесата. Потоа додајте ги и преостанатите состојки.
  • Намалете го огнот и оставете сосот да врие околу 30 минути. 
  • Откако ќе биде густ, отстранете го ливчето ловоров лист.
  • На среден оган ставете тенџере со средна големина, па додајте маслиново масло, пиперки, печурки и сол. Гответе додека не омекнеат, околу 10 до 15 минути.
  • Изладеното тесто за пица премачкајте го со приготвениот сос, па одозгора ставете го зеленчукот. По желба, може да ставите и исечкани маслинки. Послужете ја веднаш.

recept-za-zdrava-pica-so-testo-od-crvena-lekja-pogodna-i-za-denovite-koga-se-posti-03.jpg

recept-za-zdrava-pica-so-testo-od-crvena-lekja-pogodna-i-za-denovite-koga-se-posti-02.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg