Имала деформиран роднина кој го затвориле во зандана: Трагедиите на семејството на мајката на кралицата Елизабета

Имаше братучетки затворени во ментална установа

Еден од поголемите скандали поврзани со семејството на кралицата-мајка е тажната судбина на нејзините внуки Нериса и Кетрин Боус-Лион.

Двете девојки имале пречки во развојот и поради ова биле затворени во ментална институција.

Нивното семејство, вклучувајќи ја и кралицата-мајка, толку се срамеле од нив, што лажеле дека се мртви и воопшто не ги посетувале.

Кога приказната излезе во јавност, кон крајот на 1960-тите, се дозна дека девојките не можеле ни да зборуваат.

imala-deformiran-rodnina-koj-go-zatvorile-vo-zandana-tragediite-na-semejstvoto-na-kralicata-majka-06.jpg

Трагичната смрт на внуката и нејзиниот сопруг

Во 1959 година, друга внука на Елизабета, Ненси Блер, била пронајдена мртва во нејзиниот дом.

Ненси имала само 40 години и не е позната точната причина за нејзината смрт.

Нејзиниот сопруг, пак, извршил самоубиство неколку години претходно.

imala-deformiran-rodnina-koj-go-zatvorile-vo-zandana-tragediite-na-semejstvoto-na-kralicata-majka-07.jpg

Трагедиите на наследникот на татко ѝ

Во 1960-тите, титулата ерл ја наследил Томас, еден од внуците на кралицата-мајка. Но, таа била советувана да не го посетува бидејќи пиел многу алкохол.

Подоцна имал и епилепсија и често имал проблеми со здравјето.

Со сопругата, пак, ја изгубиле ќерка им која заболела од пневмонија.

Не можејќи да се справи со загубата, сопругата на Томас извршила самоубиство.

По ова, Томас речиси и да не излегувал од замокот и починал на само 54 години.

imala-deformiran-rodnina-koj-go-zatvorile-vo-zandana-tragediite-na-semejstvoto-na-kralicata-majka-08.jpgКралицата-мајка со внук ѝ - кралот Чарлс

Остана вдовица на 51 година

Како што веќе спомнавме, Елизабета е сопруга на кралот Џорџ VI.

Тој почина во 1952 година, по што на тронот седна ќерка им Елизабета III.

Но, кралот почина релативно млад, на само 56 години, оставајќи ја кралицата-мајка вдовица на 51 година.

imala-deformiran-rodnina-koj-go-zatvorile-vo-zandana-tragediite-na-semejstvoto-na-kralicata-majka-10.jpgСвадбената фотографија на кралицата-мајка и кралот Џорџ

Имала долг од неколку милиони

Според некои извори, на денот на нејзината смрт, кралицата-мајка имала долг од дури девет милиони долари.

Имено, таа трошела повеќе пари од кој било од кралското семејство – единствено кралицата Марија Антоанета живеела пораскошно од неа.

imala-deformiran-rodnina-koj-go-zatvorile-vo-zandana-tragediite-na-semejstvoto-na-kralicata-majka-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg