Успешни Македонци низ светот: Катерина од Гостивар работи во водечка ИТ компанија во Германија

Живеете во Бон, Германија… Дали таму жените се повеќе застапени во ИКТ секторот отколку во Македонија?

Генерално, ИКТ секторот е познат по тоа дека има поголема застапеност на мажи во повеќе раководни позиции.

Сепак, германската влада и бизнис заедницата работат за да го зголемат учеството на жените во ИКТ секторот и да ги охрабрат да се вклучат во оваа област.

Постојат различни иницијативи и програми кои се фокусираат на поддршката на жените во ИТК секторот.

Во последните години и нашата држава има големи резултати во напорите за вклучување на сè повеќе жени во технологијата и нуди програми и иницијативи за поддршка.

Важно е да се забележи дека бројот на жени во ИКТ секторот секаде се зголемува, и се надеваме дека ќе продолжи да расте и да се креираат подобри работни позиции за жените во оваа област.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-katerina-od-gostivar-raboti-vo-vodechka-it-kompanija-vo-germanija-11.JPG

Дали информатиката е стресна работа? Што е она што ви предизвикува најголем стрес?

Информатиката може да биде стресна работа, но исто така може да биде и задоволство.

Стресот најчесто се јавува кога треба да се исполнат роковите и кога се соочуваме со поголеми проекти.

Јас би кажала дека сè што се работи со љубов не е тешко, потребно е посветеност и добра организација.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-katerina-od-gostivar-raboti-vo-vodechka-it-kompanija-vo-germanija-07.JPG

Имаме голем број македонски програмери кои успеваат да изградат успешна кариера надвор од Македонија… Што е она што вас ве натера да си заминете од Македонија и иднината да ја побарате во Германија?

Мојата одлука беше заснована на можноста да се соочам со нови предизвици и надоградување на моите вештини.

Исто така беа вклучени и други лични и професионални фактори кој принесоа за мојата одлука.

Далечината во време на онлајн комуникација не предизвикува пречка за успешна соработка со колеги и компании од Македонија со кои ние веќе подолго време соработуваме на различни проекти.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-katerina-od-gostivar-raboti-vo-vodechka-it-kompanija-vo-germanija-08.JPG

Колку ви влијае работата врз приватниот живот? Имате ли воопшто време за приватен живот?

Работата секако влијае на приватниот живот, но привилегија е во оваа гранка тоа што можеме и дел од обврските да ги завршуваме од дома и тоа ми пружа повеќе време да сум со семејството.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-katerina-od-gostivar-raboti-vo-vodechka-it-kompanija-vo-germanija-12.JPG

Кои ви се плановите за иднина и дали би размислувале да се вратите во Македонија некогаш?

Моите планови за иднина вклучуваат уште поголем професионален развој и континуирано учење.

Имам желба да напредувам во мојата професионална кариера во ИТК индустријата на глобално ниво, и да продолжам со мојата визија за зајакнување на присуството на жените во технолошката индустрија, инспирирана од Грејс Хопер и Решма Сауџани.

Мојата цел за во иднина е да креирам онлајн образовни програми на англиски, германски и македонски јазик наменети за девојки кои се заинтересирани за градење на кариера во ИКТ секторот.

Ова би овозможило да во програмата се вклучат и девојки од Македонија.

Со мојата идеа за развивање на приватен проект секако би престојувала повеќе време во Македонија и ако понатаму се отвори можност секако дека би се вратила во мојата земја.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-katerina-od-gostivar-raboti-vo-vodechka-it-kompanija-vo-germanija-14.JPG

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg