Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Романа Паниќ?

Во 2013-та година Романа била дел од реалното шоу Фарма, а кога излегла кажала дека тогашниот партнер ја напуштил.

glasini-deka-beshe-vo-vrska-so-zheljko-joksimovikj-zaradi-ljubov-zavrshi-vo-zatvor-se-sekjavate-li-na-romana-panikj-22.jpg

Во 2014-та се обидела пак да ја обнови врската со Фoтос, но не успеала. А набрзо потоа почнале да кружат гласини дека се гледа со 9 години помладиот фудбалер Зоран Шупиќ.

Но, тој потоа раскажа дека глумеле дека се во врска за да бидат застапени во таблоидите. Романа се закани дека ќе гo тужи за клевета и навреда.

glasini-deka-beshe-vo-vrska-so-zheljko-joksimovikj-zaradi-ljubov-zavrshi-vo-zatvor-se-sekjavate-li-na-romana-panikj-23.jpg

По ова таа на подолго време се повлече од јавниот живот, не објавуваше нови песни, а не беше застапена ниту со скандали сè до 2020-та година, кога се дозна дека била уапсена во Австралија заради кражба од банкомати.

glasini-deka-beshe-vo-vrska-so-zheljko-joksimovikj-zaradi-ljubov-zavrshi-vo-zatvor-se-sekjavate-li-na-romana-panikj-12.jpg

Таа и агентот за продажба на недвижности Филип М. беа уапсени и обвинети дека поставувале паметни уреди за снимање на картичките на банкоматите и кражба на податоци.

Во станот каде што престојувале како туристи, биле најдени 23.000 одбележени австралиски долари и опрема за кражба на податоци.

glasini-deka-beshe-vo-vrska-so-zheljko-joksimovikj-zaradi-ljubov-zavrshi-vo-zatvor-se-sekjavate-li-na-romana-panikj-13.jpg

Романа била осудена на 12-месечна затворска казна, но во затвор поминала месец и половина. По ова била пренесена во Центарот за мигранти, од каде била вратена во Србија.

По враќањето таа продолжила да живее заедно со дечко ѝ со кого биле уапсени, но и на таа врска ѝ дошол крајот.

Во една пригода таа рече дека воопшто не била ниту свесна дека може да заврши во затвор како соучесник, затоа што била лудо вљубена и му помагала на дечко ѝ во тоа што го правел.

glasini-deka-beshe-vo-vrska-so-zheljko-joksimovikj-zaradi-ljubov-zavrshi-vo-zatvor-se-sekjavate-li-na-romana-panikj-14.jpg

Во последните години за неа не се знаеше многу освен дека има нов дечко, бизнисмен од Италија, со кого се пресели таму и живееше во Фиренца. Таа го крие неговиот идентитет од јавноста и не зборува за него.

Но, на почетокот на оваа година таа се огласи и рече дека се вратиле во Србија и планираат заедно да отворат свој италијански ресторан во Белград. Вели дека сега барем добила статус на вереница.

glasini-deka-beshe-vo-vrska-so-zheljko-joksimovikj-zaradi-ljubov-zavrshi-vo-zatvor-se-sekjavate-li-na-romana-panikj-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сит... „Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба К...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебе... Си заминал од „Бијело дугме“ затоа што сметал дека приходите не се распоредуваат...
Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Првата сопруга го остави за 15 години помлад стјуард, втората му го зема станот: Бурниот љубовен жив... Српскиот актер Бранислав Лечиќ, во изминатите години беше во фокусот на јавноста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg